Книгата „Човечулец“ на Александар Прокопиев е објавена на бугарски јазик

Познатото софијско книгоиздателство „Персеј“ го објави бугарскиот превод на збирката раскази „Човечулец“ од Александар Прокопиев. Преводот од македонски јазик е на Деница Проданова.

Со тоа се заокружуваат преводите на „Човечулец“ на балканските јазици – турскиот, српскиот, хрватскиот, бугарскиот, албанскиот – а книгата, добитник на угледната награда „Балканика“ за 2011 година, досега е објавена и во Велика Британија, Италија, Полска, Египет.

Издавачот на читателите на „Goodreads“ вака го препорачува „Човечулец“: „Оригинален, со чувство за хумор и ерудиција, автор за сите поколенија, Александар Прокопиев напишал волшебна и остроумна книга, што ќе ни даде уникатно читателско уживање.

Тој раскажува за вината и прошката, за товарот на победите и поразите. Неговите сижеа преплетуваат современи стории со приказни, легендарни и митолошки мотиви. Така писателот прави свои интерпретации на ’Дивите лебеди‘ и ’Снежана‘, или ни го покажува светот низ очите на грдото вонбрачно дете, на човекот со едно крило кој се пресвртува во цар на птиците, на туѓинецот што припитомил змијулче, на алхемичарот кој се обидува да создаде човече под стаклено ѕвоно“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот