Kнигата „Азбуката на Моркел“ од Стијан Холе носи приказна за пријателството

Издавачката куќа „Артконект“ ја објави книгата „Азбуката на Моркел“ од Стијан Холе. Станува збор за моќна приказна за пријателството и за работите што нè поврзуваат.

Во оваа волшебно илустрирана книга, Ана наоѓа зборови напишани на хартија и оставени за неа на полето. Кој ли ги остава?, се прашува Ана. Тоа е Моркел, кој на тој начин сè повеќе се зближува со неа. Книгата е едно прекрасно патување за деца над седум години, но сосема е соодветна и за повозрасни читатели.

Стијан Холе е познат норвешки илустратор и автор на книги. Преводот од норвешки јазик е на Јасминка Марковска. Книгата е дел од проектот „Пораки на надеж: инспиративна европска литература“, поддржан од „Креативна Европа“ на Европската Унија.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 117, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 19-20 февруари 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот