Книга за деца: Загонетни светови од Славе Ѓорѓо Димоски

Издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, во рамките на програмата на Министерството за култура за проекти од национален интерес, ја објави книгата поезија за деца „А треба да кажам“ од Славе Ѓорѓо Димоски. Текстовите содржани во оваа книга се наменет за деца до десетгодишна возраст и се надоврзува на претходната книга „Збороигри 2“.

Книгата содржи дваесет и еден стихуван и прозен текст. Песните на еден достапен детски игрив јазик откриваат загонетни светови, а кусите прозни текстови на прифатлив начин, преку прашања и одговори, на децата им откриваат животни факти и вистини. Во овој контекст се и две одделни целини, кои преку таканаречени Твитер-песнички се загатнуваат некои детски љубопитства, кои го шират пространството на нивната бескрајна фантазија. Книгата завршува со една подолга бајка: „Бајка за девојчето и пеперутката“, во која преку преобразба (метаморфоза) на девојчето во пеперутка и пеперутката во девојче се завлегува во бескрајниот шарен, волшебен детски свет, кој овој пат наликува на незаборавните бајки од нашето детство.

Станува збор за шеста книга на Славе Ѓорѓо Димоски за најмладите читатели, а претходните се: „Алиса“, „Кристален сон“, „Збороигри“, „Стихотека“ и „Збороигри 2“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 59, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 5-6 декември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот