Книга за деца: Средба со приказните за Итар Пејо

Писателот Васил Мукаетов приготви нови интересни содржини за децата. Овој пат станува збор за средба со најубавите шеговити приказни за Итар Пејо, мариовскиот итрец и најпопуларниот јунак на народното усно раскажување во нашето богато културно наследство.

Писанијата во книгата „Мариовски сказни – Пејови приказни“ првично биле зачувани и собрани од познатите истражувачи на македонската усна традиција, како Марко Цепенков (1829-1920) и Кузман Шапкарев до Стале Попов, а сега се стихувани од Васил Мукаетов. „Пејо патува со своето неуморно магаре во својот свет, надитрува и надмудрува, објаснува легенди, исправа неправди, излегува на крај со своите соселани, и тоа секогаш со иста мера – народот го сака својот јунак, а тој, пак, му возвраќа, исто така, со немерлива љубов, со верност и доследност“, открива Мукаетов.

Книгата е објавена во едицијата „Читанка“ на „Либи“, дел од „Арс ламина публикации“. Книгата е препорачана како лесно читливо четиво од Здружението за дислексија „Ајнштајн“ и од Филозофскиот факултет во Скопје.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 69, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 20-21 февруари 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот