Кнесетот го ослободи Нетанјаху од плаќање данок на официјалните бенефиции

Овие трошоци вклучуваат дел од трошоците за одржување на приватната куќа на Нетанјаху, во скапиот крајбрежен град Цесарија, и вообичаено се сметаат за приходи, согласно израелскиот закон.

Израелскиот Парламент (Кнесет) денеска го одобри барањето на премиерот Бенјамин Нетанјаху да биде ослободен од плаќање данок на официјалните бенефиции, што може да изнесуваат и повеќе од 150.000 американски долари.

Одлуката остро е критикувана од опозициските пратеници и коментаторите во време кога Израел се соочува со голема економска криза поради пандемијата на коронавирусот, а Нетанјаху е на суд за корупција.

Нетанјаху и неговото семејство веќе долго време се обвинувани од критичарите за раскошниот начин на живот на штета на даночните обврзници, додека на многу Израелци им е тешко да се справат со високите трошоци, релативно ниските плати и високите даноци.

Финансискиот одбор на Кнесетот, што е контролиран од сојузниците на Нетанјаху, го одобри неговото барање ретроактивно да се ослободи од данок на трошоците што ги покрила државата од 2009 до 2017 година.

Овие трошоци вклучуваат дел од трошоците за одржување на приватната куќа на Нетанјаху, во скапиот крајбрежен град Цесарија, и вообичаено се сметаат за приходи, согласно израелскиот закон.

Опозициските пратеници го критикуваа Одборот за таквата одлука, моментот кога е донесена и заради недостигот на транспарентност.

Мики Леви, член на Одборот од опозицијата, рече дека „никој не знае точно” колку пари ќе добие Нетанјаху. Тој кажа дека станува збор за „над половина милион шекели”, или речиси 150.000 долари, но Одборот не ја доби целосната листа на бенефиции што ќе бидат покриени.

Овој пратеник за новата влада на Нетанјаху кажа нема врска со реалноста и дека 800.000 луѓе се невработени, а „тој бара ослободување од данок”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот