КНЕДЛИ ОД СПАНАЌ: Вкус кој нема да го заборавите (РЕЦЕПТ)

кнедли спанаќ
Фото Профимедиа

Домашните кнедли со спанаќ можете да ги јадете во супа, како прилог на други јадења или пак, само со сос и пармезан како главно јадење.

Потребни состојки:

400 гр сув леб
200 гр замрзнат спанаќ
3 јајца
100 мл млеко
20 гр путер
2 главици сецкан кромид
Малку лук во прав
100 гр пармезан
Една коцка зеленчуков бујон
Презла
Сол и бибер

Подготовка:

Брикетите смрзнат спанаќ ставете ги во цедалка на собна температура. Сувиот леб исецкајте го на мали коцки и ставете го во сад. Во посебен сад изматете ги јајцата, додадете го млекото и прелијте го лебот. Оставете да ја впие смесата.

Во тава растопете го путерот, додадете го лукот во прав. Потоа додадете го ситно сецканиот кромид и пропржете на тивок оган. Ставете го и спанаќот, зачинете, динстајте околу пет минути и оставете ја смесата да се олади.

Додадете ја смесата со спанаќ во потопениот леб и нежно со раце месете. По потреба, ако лепи, додавајте презла. Готовата смеса оставете ја околу 15 минути.

За тоа време подгответе го зеленчуковиот бујон. Со рака правете кнедли и варете ги во супата.

Готовите кнедли исцедете ги од супата и поделете ги во порции. Изрендајте пармезан врз нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот