Клус: Наша стратешка цел е Северна Македонија и Албанија што побрзо да станат членки на ЕУ

 Стратешка цел на Словачка е Северна Македонија и Албанија што побрзо да станат членки на ЕУ и затоа Братислава е против раздвојување на преговарачкиот процес за двете земји и смета дека тие треба да ги почнат преговорите заедно, изјави денеска словачкиот заменик министер за надворешни работи Мартин Клус.

– Така е полесно и за двете земји, а и за нас, бидејќи полесно ќе можеме да ги споделуваме искуствата, дури оние што ги има Словачка, што секако не се само позитивни. Ако двете земји ги започнат преговорите заеднички, ќе можеме побрзо да ги донесе и Северна Македонија и Албанија во ЕУ. Тоа е стратешка цел на Словачка, истакна Клус на денешната промоција на словачката донација за Клиниката за детски болести.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со т.н. нон-пејпери што се појавија последниве недели, Клус рече дека можеби е подобро што не ги знаеме нивните автори, бидејќи тие документи носат опасна идеја за промена на границите во регионот.

– Секој обид да се разговара за духовите од историјата, дури и за промена на границите треба да се тргне од маса. Треба да се фокусираме на позитивната агенда и на процесот на проширување на ЕУ, а не на исторски, јазички или билатерални прашања. Словачка е поддржувач на процесот на проширување на ЕУ, бидејќи тој не е важан само за регионот, туку и за нас, додаде Клус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот