„Клупата на Горан Стефановски” го започна своето патување од Лондон за Скопје

„Клупата на Горан Стефановски”, малото, но сепак големо спомен обележје на македонскиот литературен лауреат, го започнува патешествието од Лондон до Скопје, информираат од Општина Центар.

Симболичната клупа-споменик, е излеана и се наоѓа во Лондон, а ќе биде поставена во паркчето спроти бараките на Општина Центар, веднаш до чинарот, кој на роденденот на Стефановски – 27-ми април, беше засаден во знак на сеќавање на доајенот на македонската литература.

Роден во Битола, на 27-ми април 1952-ра година, Горан Стефановски останува еден од најпознатите и признати македонски академици, писатели, професори и драматурзи. Автор е на многу текстови и драми, меѓу кои и „Јане Задрогаз”, „Диво месо”, „Лет во место”, „Хај-Фај”, „Дупло дно”, „Тетовирани души”, „Црна дупка”, „Демонот од Дебар Маало” и на детската ТВ-серија, „Бушава азбука”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот