Клуге за минатонеделниот ковид просек во Европа: На секои 17 секунди умираше по едно лице

Фото: EPA-EFE/IDA GULDBAEK ARENTSEN DENMARK OUT

Во Европа досега се регистрирани близу 16 милиони случаи на заразени со коронавирусот додека во истовреме починаа околу 355.000 луѓе, изјави Ханс Клуге, директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа и процени дека „рестриктивните мерки би биле непотребни кога 95 проценти од луѓето би носеле маски.

– Сепак, се проценува дека околу 60 проценти од луѓето во Европа носат маски, можеби и помалку, па затоа е тешко да се избегнат рестриктивните мерки, рече Клуге.

Во Европа се евидентирани 28 проценти од пријавените случаи и 26 проценти на смртни случаи, а над 80 проценти од европските земји забележале зголемување на бројот на заразени на 100.000 жители.

– Како резултат на тоа, гледаме здравствени системи пред распаѓање. Франција за само десет дена ги пополни капацитетите за интензивна нега на 95 проценти, а во Швајцарија единиците за интензивна нега се полни. Во последните две недели, бројот на смртни случаи е зголемен за 18 проценти. Ако минатата недела починале 29.000 луѓе, тоа значи дека од коронавирусот во Европа умира по едно лице на секои 17 секунди. Само во ноември беа регистрирани повеќе од четири милиони нови случаи, рече Клуге.

Тој додаде дека со секој избор за почитување на рестриктивните мерки и совети, се намалува ризикот од ширење на ковид-19.

– На овој начин, ние спречуваме загуби на човечки животи. Во моментот, околу 4.500 луѓе умираат секој ден во Европа. Ова може да се избегне. Благодарение на рестриктивните мерки, го намаливме бројот на нови инфекции од повеќе од два милиони случаи на 1,8 минатата недела. Тој напредок е мал, но значаен, рече Клуге.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот