Клуге: СЗО сè уште не знае дали коронавирусот настанал по природен пат

Ханс Клуге, директорот на СЗО за Европа / Фото Архива на Слободен печат

Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Хенри Клуге, денеска изјави дека СЗО сè уште не располага со целосни податоци за потеклото на коронавирусот и не зане дали тој настанал по пророден пат или не, но порача дека истражувањата и натаму продолжуваат.

Во интервју за руската агенција Тасс, Клуге кажа дека со ова прашање се занимаваат кинеските научници, а СЗО е повикано само да учествува во истражувањето.

-Сето тоа е во тек, секако, и е нешто што е многу важно да го дознаеме. Но не можам да кажам ништо повеќе бидејќи не сакам да го загрозам овој многу важен процес. Најважно е дека ние сме дел од тоа, рече Клуге.

Експертот на СЗО смета дека прашање на време е кога ќе се појави нова пандемија.

-И оваа ја предвидовме, но повторно не затекна неподготвени, наведе тој, додавајќи дека нова пандемија секако ќе има, но сите ние треба подобро да бидеме подготвени за неа. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот