Клуге: Половина од жртвите на коронавирусот во Европа се од домови за стари лица

Стари лица / Фото: Marina Kovacevic / Alamy / Alamy / Profimedia

Ханс Клуге, шеф на Светската здравствена организација за Европа, изјави денеска дека половина од жртвите на новиот коронавирус во Европа се штитеници во домови за нега на стари лица.

Тој на прес-конференција рече дека станува збор за „незамислива трагедија” и дека последиците од Ковид 19 во такви домови покажале „длабоко вознемирувачка слика” каде старите често биле запоставени.

Клуге рече дека здравствените работници во такви објекти честопати биле преоптоварени и недоволно платени и повикаа да се обезбеди поголема заштитна опрема.

Иако пандемијата се стабилизира или опаѓа во некои европски земји, тоа е далеку од тоа, рече тој, истакнувајќи дека околу половина од сите заразени и починати од вирусот во светот се во Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот