Клучот за долга врска и среќен брак лежи во оваа вредност! – Слободен печат
МагазинСемејство

Клучот за долга врска и среќен брак лежи во оваа вредност!

Врската без доверба може да се претвори во ноќна мора и стане нездрава и токсична.

Љубовта е прекрасна, а врската исполнета со љубов, особено на почетокот, во нашиот живот носи смеа, среќа и долги прошетки и страствени бакнежи.

Меѓутоа, постои една работа која гарантира долга и стабилна врска, а која понекогаш, дури и многу често, поважна е и од самата љубов. Станува збор за довербата.

Еднаш кога заљубеноста ќе се замени со сомнежи и стравови, врската станува исцрпувачка. За да не се случи тоа, многу е важно да се изгради однос полн со доверба.

Факт е дека сите ние во врските влегуваме со одреден багаж од минатото кој сакаме или не, станува дел од новата врска. Без разлика дали се работи за траума од детството или изневерување од претходната врска, нашето минато на овој или оној начин, влијае на нашите односи.

Токму поради таа работа, довербата е срж на секој однос. Довербата е клучна за успех и задоволство во врската, но истовремено е и многу кревка. Еднаш кога ќе се изгуби, многу е тешко повторно да се врати.

Profimedia

Што подразбира довербата?

Довербата во врската подразбира верување дека вашиот партнер е посветен и го сака само најдоброто за вас. Со него се чувствувате емоционално и физички сигурни, исто како и тој со вас.

Довербара значи дека во врската очекувате почит, посветеност и искреност. Очекувате вашиот партнер да се придржува до ветувањата, да ги чува вашите тајни и да ве подржува дури и кога работите не се најсјајни.

Од друга страна пак, довербата значи да го разберете вашиот партнер и да сте спремни да му простите доколку прекрши некое ветување или договор. Потребна е доверба од двете страни, никако не може да успее доколку е еднострана.

Кога партнерите си веруваат меѓусебно, ќе бидат искрени во врската и токму онакви какви што се. Секако, односот полн со доверба не се гради преку ноќ, туку постепено се развива.

Доверба и љубов

И покрај тоа што најверојатно се уште мислите дека љубовта е најважниот дел од врската, немојте да ја занемарите важноста на довербата.

Обидете се да замислите врска или брак во кој таа не постои. Во врската без доверба се губи мирот, а сомнежите стануваат се поголеми.

Постојаното проверување и испитување од едната или од другата страна ќе доведе до се почест број на кавги, а кавгите ќе доведат до прекинување на врската и покрај љубовта.

Љубовта без доберба едноставно не е добра бидејќи врската многу лесно може да се претвори во кошмар и стане нездрава, дисфункционална, хаотична и токсична.

Довербата е клучна за напредување во односот, а недостатокот на доверба е еден од најчестите причини поради кои луѓето ја прекинуваат врската.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close