Клучот е во нив: Метеоритите го откриваат изворот на вода на Марс

Фото: Профимедиа

Една од најголемите мистерии во науката е прашањето од каде доаѓа водата на Марс? Ново истражување открива дека одговорот се крие во метеоритите од Марс кои паднале на Земјата, пренесува „Б92“.

Според наводите, Марс веројатно бил топла и влажна планета милијарди години пред неговата атмосфера да стане замрзната, каква што ја знаеме денес.

Но, од каде е водата на Марс? За да се дојде до одговор на ова прашање, научниците ги истражуваа слоевите на оваа планета. Метеоритите во центарот на ова истражување беа примероци од кората на планетата, а се претпоставува дека токму во кората им најмногу вода на Марс, дури 35 отсто.

Метеоритите кои се наречени „Black beauty“ (Црна убавица) и „Allan Hills“ го откриваат минатото на Марс, вклучувајќи и информации за тоа како планетата се формирала, но и кога на неа се појавила водата.

Според наводите на „Nature Geoscience“ кои ги пренесува Си-Ен-Ен, кога се истражени двата метеорити, научниците спровеле хемиска анализа на две врсти на изотопи на водород.

Тие конкретно барале „лесен водород“ и „тежок водород“, бидејќи односнот на овие два изотопи може да се користат за дознавање на потеклото на водените трагови кои се наоѓаат во карпите.

Метеоритите „Black beauty“ и „Allan Hills“ сугерирале дека има два различни извори на вода на Марс, на основа на нивните изотопи.

– Овие два различни извори на вода во внатрешноста на Марс може да ни кажат нешто за врстата на објекти кои биле на располагање за спојување во внатрешните, каменити планети. Овој контекст исто така е важен за разбирање на староста и астробиологијата на Марс – вели еден од истражувачите.

Планетите се создавале со блокови од други планети кои денес го сочинуваат нашиот соларен систем. Сочинети се од делови на гас и прашина кои настануваат од формирање на сонцето. Со време примале големина и се судирале еден во друг, формирајќи планети.

Во случајот на Марс, два различни дела со многу различна содржина на вода најверојатно се судриле и никогаш потполно да не се соединиле, сметаат истражувачите.

Ова е многу различна од претходната теорија за формирање на Марс, која сугерираше дека нејзиното настанување е слично на она на планетата Земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот