Клучните позиции во американското разузнавање можат да ги добијат Мајкл Морел и Еврил Хејнс

Двајца вископоставени лица од американското разузнавање, Мајкл Морел и Еврил Хејнс, се главните кандидати за функциите директор на Националното разузнавање и Централната разузнавачка агенција во администрацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден, изјавија неколку актуелни и поранешни разузнавачи.

Морел работеше како заменик на директорот на ЦИА во администрацијата на Обама од 2010 до 2013 година, и двапати ја исполнуваше и функцијата директор на ЦИА.

Хејнс беше заменичка на директор на ЦИА и заменик на советникот за национална безбедност на поранешниот претседател Барак Обама.

Некои демократи изразија скептицизам по повод кандидатурата на Морел, бидејќи тој служеше во ЦИА кога агенцијата употребуваше таканаречени „раширени методи на распит” во однос на осомничените исламистички борци. По сенатската истрага спроведена од Комитетот за разузнавање, таквите методи беа изедначени со тортура

Хејнс дошла во ЦИА веќе откако претседателот Обама ги забрани таквите методи на распит во 2009 година.Таа учествуваше во подготовката на одговорот на ЦИА на истрагата на Сенатот.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот