Клучните носители на одлуки во глобалниот туризам и помагаат на Турција да овозможи безбедни патувања во време на пандемија

Луксузниот B2B состанок за вмрежување се одржа во Истанбул со учество на клучните носители на одлуки и актери во глобалниот туризам, на 6-7 април.

Програмата за сертификација на безбеден туризам за време на Пандемијата продолжува да му помага на својот туристички сектор во Турција преку организирање на B2B настани со учество на клучните актери од туристичкиот сектор.

Состаноците кои се организираат се домаќини на истакнати туристички професионалци, вклучувајќи го Тери Дејл (Претседател на Здружението на тур-оператори во САД), Боб Даглин (Потпретседател на Американското Здружение на Советници за Патувања), Томас Клајн од Здружението за Велнес Туризам и Ерик Волф како Извршен Директор на Светска асоцијација за патување и храна.

Водечките тур-оператори исто така се поканети на овој воркшоп, кој обезбедува совршен амбиент за воспоставување B2B партнерства, овозможувајќи на учесниците да ги посетат и промовираат најпопуларните дестинации на Турција и да и помогнат на секторот за време на пандемијата истовремено нудејќи платформа за градење деловни партнерства со непосредни заемни придобивки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот