Клучните датуми на Меси во сезоната 2020/21

Откако се реши дилемата, засега, околу тоа дали летово Аргентинецот навистина ќе си оди од клубот, Лионел Меси и Барселона можат да се концентрираат на новата сезона.

Капитенот одлучи да остане уште една година, односно неговиот важечки договор со Каталонците истекува во јуни 2021. Можно е играчот пред наредното лето да потпише нов договор со Барса, но ќе биде важно што ќе се случува помеѓу сега и тогаш.

Шпанската „Марка“ објави датуми кои можат да бидат клучни за Меси во натпреварувачката сезона 2020/21.

7 септември 2020 година
Меси треба да му се приклучи на составот за стартот на предсезоната во понеделник. Пред тоа треба да направи ПСР тестирање, минатиот викенд ги пропушти задолжителните лекарски процедури.

26-27 септември 2020 година

Викенд кој се очекува Меси повторно да биде во дресот на Барселона на натпревар. Поточно играчите на новиот тренер Роналд Куман ќе ја стартуваат сезоната на „Камп Ноу“ против Виљареал.

Комплетното интервју на Меси: Несреќен сум но останувам, оваа управа на Барселона е катастрофа

4 јануари-1 февруари 2021 година

Освен доколку не се случи нешто катастрофално, Меси нема да ја напушти Барселона за време на зимскиот преоден рок. Доколку одлучи да си оди, двете страни ќе решаваат суд, нешто што многумина предвидуваа дека ќе се случи ова лето.

15 март-4 април 2021 година

Барселона официјално мора да објави кога ќе се одржат претседателските избори кои сигурно ќе бидат клучни и за иднината на Меси со кој новиот претседател сигурно ќе разговара за евентуално продолжување на соработката.

30 јуни 2021 година

На овој датум завршува важечкиот договор на аргентинската ѕвезда во Барселона. Пред 30 јуни клубот без сомнение ќе го сиот максимум да го задржи фудбалерот, доколку не, Меси ќе биде слободен во потрага по нов предизвик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот