КЛУЧЕН МОМЕНТ ОД ПОСТАПКАТА ЗА ИМПИЧМЕНТ: Претставничкиот дом гласа по предметите за отповикување на Трамп

Одборот за правосудство при Претставничкиот дом продолжува да заседава денеска во клучен момент од процедурата за отповикување (импичмент) на претседателот Доналд Трамп – одлука предметите да се испратат на гласање во комплетен состав на долниот дом од американскиот Конгрес.

Гласањето се очекува во текот на идната недела.

На денешното заседание, кое започна синоќа со претрес и расправи за двата члена врз основа на кои се отповикува Трамп, злоупотреба на службената положба и опструкција на работата на Конгресот, се очекува демократите, мнозинство во Одборот, да ги потврдат обвиненијата и да дадат зелено светло за гласање за импичмент.

По гласањето во Претставничкиот дом, обвиненијатата против претседателот за злоупотреба на функцијата и опструкција на Конгресот ќе бидат испратени во Сенатот.

Тука треба да се спроведе процес на судење на кој се очекува горниот дом, контролиран од републиканците, да изгласа против разрешување на Трамп од функција.

Демократите го обвинуваат Трамп за злоупотреба на власта во обид да го принуди државниот врв на Украина да спроведе истрага за политичкиот ривал Џо Бајден, и опструкција на работата на Конгресот, во време кога законодавците спроведуваа истрга за овој случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот