Клубовите им ги скастрија платите на кошаркарите, бараат сезоната да започне што поскоро

фото: КФСМ

Претставниците на кошаркарските екипи денеска се договорија да ги намалат платите на кошаркарите се додека не стартува сезоната која веќе два пати беше одложена поради позитивни случаи на коронавирус.

Претставниците на клубовите на денешниот состанок се договорија кошаркарите да земаат само 25% од договорените плати се до почетокот на Првата лига.

Исто така тие бараат во најитен можен рок да започне новата сезона,  да се изготви протокол за натпреварување заедно со Институтот за јавно здравје и Комисијата за заразни болести, а доколку здравствените иституции  одлучат дека нема услови за нормално одвивање на првенството, тогаш првиот дел од сезоната да се одигра во „меур“.

Токму челниците на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) на последниот состанок со прволигашите предложија првиот дел од сезоната да се одигра во „меур“, но нивниот предлог беше одбиен од клубовите иако според КФСМ тоа беше идеално решение.

КФСМ има резервен план доколку се појават проблеми со коронавирусот во мак баскетот

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот