Клубот на Кире Лазаров се ребрендира и влезе во Суперлигата

Ракометната Федерација на Македонија на вчерашниот состанок на Управниот Одбор донесе одлука со која во македонската Супер лига ќе се натпреваруваат 16 клубови, наместо досегашната бројка од 12 екипи и дел од нив ќе биде РК Голден Арт КЛ7.

Со ова се оствари целта на клубот кој од август 2019 стана нов ракометен субјект во Првата лига, беше влез во Супер лигата преку квалитетен тренажен процес и професионален развој на младите играчи.

„Стратегијата до која се држи и работи РК “Голден Арт КЛ7” е афирмација на млади македонски талентирани играчи, која покажа резултати во досегашниот дел од првенството.

Со овој чекор напред и учество во најсилната домашна лига ќе се засили и досегашната обемна работа, но и мотив за постигнување на повисоки резултати. Со ангажманот на талентираните млади домашни играчи, максимална посветеност и работа покажавме дека може и мора да се даде можност на нашите ракометари, .

РК КЛ7 во март се ребрендира и во Супер лигата ќе настапува со ново име РК “Голден Арт КЛ7”. Благодарение на најуспешната градежна компанијата во Македонија “Голден Арт”, се гради и овој клуб.
Својата општествената одговорност во различни области “Голден Арт” ја покажува цели 15 години уште од своите почетоци, а во последните 5 години ја насочува и кон младите и спортот, како голем поддржувач на македонскиот ракомет.
Со долгорочни цели поставени на здрави основи, дисциплина и континуирана професионална посветеност РК “Голден Арт КЛ7” продолжува во Суперлигата“, објави новиот ракометен суперлигаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот