Клуб од шпанската „Ла Лига“ со интерес за Дарко Велковски!?

Фото: ФФМ

Заврши Европското првенство за македонската А репрезентација, но активно е на фудбалскиот трансфер пазар во пресрет на новата натпреварувачка сезона.

Дарко Велковски, еден од столбовите во одбраната на нашата А селекција беше стартер на сите три натпревари од групата „Ц“ на континенталниот собир против Австрија, Украина и Холандија.

26-годишниот централен бек моментно ги брани боите на Риека со кој има договор до 15 јуни 2022 година. Пред да се пресели во Хрватска настапуваше за Работнички и Вардар.

Денеска како што пренесува шпанскиот медиум „Grada3“, интерес за македонскиот репрезентативец интерес покажува Алавес. Оваа екипа годинава успеа да го обезбеди опстанокот во елитата, освојувајќи го 16 место со 38 бодови.

Во најсилното шпанско првенство следната сезона ќе настапуваат тројца наши репрезентативци, Енис Барди (Леванте), Александар Трајковски (Мајорка) и Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот