„Клуб на преживеани од Сасекс“: Поранешните вработени на Меган Маркл ја нарекуваат „нарцисоиден психопат“

Меган Маркл / Фото: EPA-EFE/JULIAN SMITH

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл била „нарцисоиден психопат“, која од самиот почеток го планирала своето повлекување од кралското семејство, тврди Валентин Лоу, автор на книгата „Дворјани: Скриената моќ зад круната“, цитирајќи изјави на поранешните вработени на војвотката.

Откако се појавија неколку извадоци од книгата, чие објавување е најавено за почетокот на октомври, светските таблоиди не престануваат да пренесуваат пикантерии од делото на Лоу.

Главната тема на книгата е наводното непристојно однесување на Меган Маркл и нејзиниот сопруг, принцот Хари, а, како што тврди Лоу, нивните поранешни вработени сметаат дека Маркл е „нарцисоиден психопат“. Како објаснување за тоа, тие му ги раскажале своите лични сведоштва.

„Сите знаеја дека институцијата ќе биде оценета според нејзината среќа. Грешката што ја направија беше тоа што мислеа дека Маркл сака да биде среќна. Таа сакаше да биде одбиена, беше опседната со таа приказна уште од првиот ден“, изјавил еден од поранешните помошници.

Во книгата се наведува и дека работата за парот била толку тешка што некои од членовите на персоналот се нарекувале себеси „Клуб на преживеани од Сасекс“. Наводните врескачки тиради на Меган Маркл имале многу лошо влијание врз вработените, пренесува „Њујорк пост“.

Во својата книга, Лоу пишува и за наводен инцидент во кој Маркл се однесувала понижувачки кон една од нејзините помлади работнички.

„Не се грижи. Буквално, ако постоеше некој друг кој ќе можеше да го направи ова, ќе го замолев да го направи тоа наместо тебе“, ѝ рекла Маркл на младата девојка.

Членовите на персоналот тврдат дека војвотката вербално ги напаѓала во бројни прилики и дека ги малтретирала на различни начини.

Слично искуство имала и нивната асистентка Саманта Коен, која во разговор со нејзин близок пријател, наводно, рекла дека „имала чувство како да работи за двајца тинејџери“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот