Клоп задоволен од играта иако Ливепрул загуби: Требаше да победиме…
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека неговите фудбалери играа одлично 75. минути против Лестер и дека требаше да победат.
Лестер го совлада Ливерпул со 3:1 и тоа благодарение на трите гола постигнати за само шест минути од 79. до 85. минута иако „црвените“ поведоа со голот на Салах.
ВИДЕО: Ливерпул на колена, Лестер за шест минути ги казни грешките на „црвените“
– Требаше да победиме. Игравме добар фудбал, доминиравме. Постигнавме само еден гол, а требаше да дадеме повеќе… Се беше добро, а потоа беше досуден пенал, па слободен удар, па офсајд, па потоа не беше офсајд. Сето тоа влијаеше на екипата и тоа мора да се промени. Според мене, првиот гол на Лестер беше офсајд, а тоа беше одлучувачки момент на натпреварот. Кај вториот гол играчите не се разбраа. Во такви ситуации мора да има комуникација, а јас не слушнав некој да вика. Третиот гол не ми се допадна бидејќи бевме премногу отворени. Бевме неверојатни 75. минути, а потоа загубивме со 3:1 и тоа покажува дека се наоѓаме во тешка ситуација – изјави Клоп.
Од друга страна, менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс е задоволен од победата.
– Игравме против силен тим. Во првото полувреме имавме само една шанса и се најдовме под голем притисок. Но успеавме да издржиме и на крајот да славиме. Во последните 20. минути ние имавме план кој добро испадна за нас – изјави Роџерс.