Клоп уште еднаш покажа дека е голем човек: Со емотивно писмо изненади тешко болен навивач

Клоп има високо мислење за новиот менаџер на Манчестер јунајтед/ фото: EPA-EFE/TIM KEETON

Откако седна на клупата на Ливерпул во 2015 година, Јирген Клоп повеќе пати ја покажа емотивната, човечка страна поради која навивачите на „црвените“ уште повеќе го обожуваат.

Така пред неколку дена на Твитер се појави емотивно писмо кое Клоп му го испратил на тешко болен навивач на Ливерпул и повторно покажа дека има големо срце.

„Драг Крис, пред сè, се надевам дека нема да ми замиреш што ги пишувам. Само сакам да ги кажам дека сите во семејството на Ливерпул те поздравуваат. Многу ги има, да дури понекогаш и јас сум шокиран колку луѓе не поддржуваат мене и моите играчи, но податокот дека сите стоиме заедно – го прави силен овој клуб.

Се надевам дека нема да ми замерат што пишувам во нивно име кога велам дека сите те поддржуваат. Тоа не се празни зборови. Кога ги слушам своите фудбалери што им помага во тешките моменти, сите ми велат дека тоа е поддршката од нашите навивачи и клубот. Покрај тоа, велат дека семејството е најважно. Најверојатно за тоа не морам ништо да ти зборувам, слушнав дека имаш прекрасно семејство и пријатели кои прават се за да сер подджат“, напиша Клоп во емотивното писмо.

За жал, навивачот не успеа да ја добие битката со тешката болест. Тој почина во неделата, а емотивното писмо на социјалните мрежи го сподели братот на навивачот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот