Клоп тврди дека Салах е најдобар фудбалер на светот, сега Ливерпул мора така и да го плати

Мохамед Салах ако остане во Ливерпул ќе биде најдоброплатен фудбалер во Премиер лигата/ фото: EPA-EFE/ANDREW YATES

Мохамед Салах своето шоу во дресот на Ливерпул го започна пред четири години против Вотфорд, а вчера против истиот тим покажа зошто англиските медиуми го сметаат за моментно најдобар играч на светот, а истото го мисли и неговиот тренер Јирген Клоп.

Салах се наоѓа во подобра форма од Кристијано Роналдо и Лионел Меси оваа сезона и со своите игри ја остави управата на Ливерпул без избор.

Имено, Ливерпул и агентот на фудбалерот преговараат околу новиот договор, актуелниот трае до 2023 година, а „црвените“ сакаат да се осигураат и да потпишат нов кој би важел до 2025 година. Но, нивната понуда од 350.000 неделна плата не е доволна за египетскиот репрезентативец да стави параф на договорот.

Според англиските медиуми, агентот на Салах, Колумбиецот Рами Абас пристигна во Ливерпул на преговори и бара неделна плата од 500.000 фунти за фудбалерот да потпише нов договор. Оваа сума е за два и пол пати поголема тоа што Салах моментно го заработува (200.000 фунти неделно), но во Ливерпул немаат избор.

Мора да му ја исполнат желбата на Салах доколку не сааат да го загубат идното лето, а со тоа египетскиот репрезентатидвец ќе стане најдоброплатен фудбалер во Англија, а во исто време и еден од најдоброплатените играчи на светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот