Клоп тргна по Мбапе, веќе разгораваше со неговиот татко

Килијан Мбапе/twitter/bleacherreport

Сè уште актуелниот европски шампион е сериозен во намерата да го ангажира напаѓачот на ПСЖ и на француската репрезентација.

Медиумите во Франција пренесуваат дека се воспоставени првите контакти помеѓу клубот и претставници на Килијан Мбапе.

Ливерпул е подготвен да се вклучи во борбата со Реал Мадрид кој за многумина е главен фаворит за потпис со Мбапе кој во последните неколку месеци јавно го искажуваше незадоволството од состојбата во ПСЖ.

Англискиот тим веќе го направи првиот потег, медиумите открија дека менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп во изминатите денови разговарал со таткото на Нејмар притоа обидувајќи се да му објасни што би го чекало младиот фудбалер доколку се согласи да потпише за лидерот во Премиер лигата.

Во Ливерпул се свесни дека не можат да се натпреваруваат со Реал Мадрид кога станува збор за парите, тие немаат намера да плаќаат повеќе од 200 милиони евра и се надеваат дека пандемијата на коронавирусот ќе го намали обесштетување, а фудбалерот би добил богат договор.

Килијан Мбапе има договор до 2022 година со ПСЖ, но засега ги одби сите понуди на челниците на екипата за преговори за нов договор и веќе почна јавно да истакнува дека нема намера долго да остане во Париз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот