Клоп си оди од Ливерпул поради лошото време?

EPA-EFE/PETER

Јирген Клоп ги загрижи навивачите бидејќи не е сигурен дека и по 2022 година ќе продолжи да го тренира Ливерпул. Тој одбива да потпише нов договор со европскиот шампион, а причината за одбивањето ја открива агентот на Јирген Клоп, Марк Козицке.

Според Козицке, главна причина поради тоа што Клоп одбива да седне на маса и да разговара за нов договор е лошото време во Англија, поточно честите врнежи.

– Договорот на Јирген со Ливерпул е до 2022 година и јавна тајна е дека клубот сака да го задржи и после тоа. Мораме да видиме како климатските промени ќе се одразат на Англија. Лошото време го нервира Клоп и тој фактор никако не смее да се занемари. Мислам дека уште минатиот ноември, луѓето од клубот дојдоа кај мене и ме прашаа за евентуално продолжување на соработката.

Им кажав да почекаат, Јирген не е подготвен уште сега да одлучува за тоа што ќе го работи по три години. Неговата сопруга Улма и Јирген стануваат во мрак, а кога ќе се видат повторно е мрак или времето е врнежливо. Во текот на зимската пауза во германија, доколку времето е лошо, екипите одат на подготовки во топлите краеви. За тоа време во Англија мораат да се подготвуваат за натпревари и воопшто не им е лесно – рече Козицке кој со оваа изјава ги вознемири навивачите на Ливерпул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот