Клоп: Сакам повторно да играме во финале, но…

EPA-EFE/PETER POWELL

Во пресрет на денешната ждрепка (18 ч.), Јирген Клоп призна дека го очекува тешка сезона во Лигата на шампионите во која неговиот Ливерпул ќе го брани трофејот.
Како актуелен европски шампион, Ливерпул е сместен во првиот шешир, но Германецот е претпазлив во очекувањата за новата сезона.

– Во овој момент не сум сигурен дека повторно ќе играме во финалето, имаме подеднакви шанси како и сите останати. Исто така мислам дека англиските екипи нема да доминираат во новата сезона. Има многу екипи кои со право се надеваат на европскиот трофеј – вели Клоп.

Покрај Ливерпул, во првиот шешир се наоѓаат уште и Челси, Барселона, Манчестер сити, Јувентус, Баерн Минхен, ПСЖ и Зенит, додека во вториот има екипи како Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд…

– Ждрепката ќе биде неверојатна. Погледнете ги екипите во вториот шешир, а исто така има многу силни екипи и во третиот. Од четвриот може да ви се падне Лајпциг и тогаш ништо не е сигурно. Ниту една екипа не влегува во ЛШ без никакви амбиции – потенцира Клоп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот