Клоп: Резервирајте хотел за финалето во Истанбул 2023

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп/Париз, Франција/28 мај 2022/Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека пласманот во финалето на Лигата на шампионите е своевиден успех и дека има чувство дека неговата екипа и следната сезона ќе игра во финалето, во Истанбул, Турција.

На стадионот во Париз играчите на Ливерпул загубија минимално од Реал Мадрид со 0:1.

– Во соблекувалната, во моментов, никој не мисли дека ова беше одлична сезона. Можеби ќе ни требаат неколку часа. Чувството е поинаку. Не е лошо да се игра во финалето. Тоа е еден вид успех, а на успех кој го посакувате. Имам силно чувство дека ќе се вратиме. Имам извонредна група на фудбалери. Ќе бидеме одлични и следната сезона. Каде е финалето следната сезона? Истанбул? Резервирајте хотел – рече Клоп за „БТ Спорт“, пренесе „Скај“.

Клубот од „Енфилд“ се закани 23 пати, девет удари беа во рамките на противничкиот гол, но ниту еднаш не успеа да го совлада голманот на „кралевите“, Тибо Куртоа. Од друга страна, составот на Карло Анчелоти од три обиди имаше само еден удар во рамките на противничкиот гол на Алисон.

Ливерпул оваа сезона се бореше за четири трофеи, освои два домашни во ФА Купот и Лига Купот, а Манчестер сити дојде до шампионскиот трофеј во Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот