-9 C
Скопје

Клоп разочаран од ВАР: Може некој да ми објасни што се случи, јас не видов офсајд

Мерсисајд дербито помеѓу Евертон и Ливерпул заврши без победник 2:2, но актуелниот англиски шампион е оштетен за еден гол и еден пенал поради ВАР технологијата.

Имено, во првото полувреме, голманот на Евертон, Пикфорд брутално стартуваше над Вирџил ван Дајк, но наместо пенал за Ливерпул – ВАР одлучи дека е офсајд, а во судиското продолжение ВАР технологијата исто поради милиметарски офсајд го поништи голот за победа на Џордан Хендерсон.
Очекувано, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше бесен по натпреварот.

ВАР повторно направи хаос во Премиер лигата, Ливерпул за влакно остана без победата

– Единствена спорна ситуација која ја видов досега беше поништениот гол за победа на Хендерсон. Тоа што јас го видов не беше офсајд. Може ли некој да ми објасни што се случи, јас не видов офсајд. Ова беше офсајд само затоа што некој одлучи да биде така – рече гневниот Клоп кој потоа соопшти уште две лоши вести за неговиот тим, а се однесува за повредите.

Прочитајте и...  СП: Целта е остварена, Македонија забележа победа против Чиле!

Не е добро, Ван Дајк почувствува силна болка и не можеше да стои на нозе. Додека го напуштав теренот, Тијаго ми рече дека се плаши оти повторно е повреден по сударот со Ричарлисон. Ќе видиме колку е сериозно, но почувствува нешто што го наведе така да размислува. Загубивме еден играч поради ВАР, а другиот го загубивме кога Ричарлисон доби црвен картон и во финишот ни беше поништен гол. Очигледно ова не беше наш ден.

Поврзани вести

ВИДЕО: Златан Ибрахимовиќ, човек за кого нема граници!

Слободен печат

Митревски: Да продолжиме во ваков ритам и на наредните три мечеви!

Слободен печат

Евролига: „Кралевите“ на колена, фантастичната Црвена звезда го освои Мадрид!

Слободен печат

Единствени без бодови, ја стартуваме главната фаза против Словенија!

Слободен печат

Николов е новиот „волк“, Македонецот ќе игра за Лече

Слободен печат

Брестовац: Бековите беа навистина добри, во вториот дел ја подобривме одбраната!

Слободен печат

Остави Коментар