Клоп проговори за својата иднина: Во еден клуб би останал до крајот на животот

EPA-EFE/PETER POWELL

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е миленикот на навивачите откако во мај годинава успеа да триумфира во Лигата на шампионите . Германецот има договор со Ливерпул до 2022 година, а челниците на клубот сакаат да ја продолжат соработката, но харизматичниот тренер не ја затвора вратата за никого.

Запрашан од новинарите на „Билд“ дали во иднина би можел да ја тренира репрезентацијата на Германија, Баерн Минхен, да остане до крајот на животот или пак би се вратил во Борусија од Дортмунд, менаџерот на Ливерпул не отфрли ниту една идеја.

– Би сакал прво репрезентацијата, потоа Баерн, па би се вратил во Дортмунд и на крај доживотно би го тренирал Ливерпул. Не знам, навистина не знам што ми е најголема желба. Се надевам дека во наредните 2-3 години ќе продолжиме со Ливерпул во ист ритам, а потоа ќе одлучам. Пензијата е исто така реална опција. Се е можно. Ова ви го кажувам за да не се изненадите кога ќе дојде тој момент – изјави изјави Клоп.

Клоп седна на клупата на Ливерпул во октомври 2015 година, а пред тоа го предводеше тимот на Дортмунд. Тренерската кариера ја започна во Мајнц во 2001 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот