Клоп пријатно изненади навивачи на Ливерпул, не можеа да веруваат што гледаат (ВИДЕО)

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп им приреди вистинско изненадување на тројца навивачи на „црвените“ кои се наоѓаат во изолација поради коронавирусот но и операциите кои ги очекуваат.

Ливерпул уште во март покрена иницијатива чија цел е да се помогне на луѓето за време на пандемијата, а Клоп со задоволство прифати да биде дел од овој проект.

Германецот им се јави преку популарната платформа Зум и барем малку им ги олесни тешките денови.

Се уште актуелниот европски шампион објави видео во кое Клоп му се јавува на Дарен Смит, кој минатата година имаше операција на мозокот, а моментно се наоѓа во изолација бидејќи го чека уште една операција.

Смит не можеше да верува кога на екранот го виде Клоп кој го повика на на пиво откако ќе се опорави. Навивачот на Ливерпул му откри на Германецот дека последен пат на „Енфилд“ бил во декември 2018 година кога „црвените“ го победија градскиот ривал Евертон со голот на Дивор Ориги во судиското продолжение.

– Кога Ориги го постигна голот, од среќа падна 3-4 реда пониско – рече Смит, додека Клоп одговори во свој стил:
– А јас завршив во прегратките на голманот Алисон. Бевме на малку поинакви места, но чувството беше идентично. Тоа е за што се работи во фудбалот. Да можеме да ги споделиме таквите моменти и никогаш да не ги заборавиме – му рече Клоп на Смит.

Германецот потоа му се јави и на Ноа Смолвуд, момче кое е заболено од ретка болест а коските „Legg-Calve-Perthes“ и по операцијата го повика во тренинг центарот на Ливерпул.

– По операцијата ќе дојдеш во нашиот тренинг центар за да играме фудбал и да ги запознаеш играчите – му порача Клоп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот