Клоп од карантин го договори првото екстра засилување

twitter.com/LFCTransferRoom

Тимо Вернер веќе има закажано лекарски прегледи во Германија по што ќе следи официјализација на договорот

Ливерпул во следната сезона ќе биде посилен за одличниот германски репрезентативец, Тимо Вернер.

Според анонимни германски извори, Вернер веќе има закажано лекарски прегледи во приватна болница во Германија, по што ќе следи и официјализација на трансферот во сè уште актуелниот европски шампион.

твитер

Финансиските детали не се познати, но изворите тврдат дека е постигнат договор за платата на одличниот напаѓач, додека во завршна фаза се и преговорите помеѓу Ливерпул и Лајпциг за висината на обесштетувањето.

Пред да се појави пандемијата на коронавирусот која го запре спортот и екипите ги влече кон финансиска криза, Лајпциг бараше најмалку 80 милиони евра за својот напаѓач, но сега се лицитира со сума од 60 милиони евра која е Ливерпул е согласен да ја плати.

Сезонава Тимо Вернер одигра 36 натпревари за Лајпциг на кои даде 27 гола и има 12 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот