Клоп нуди брдо пари за Дембеле

твитер

Сè уште актуелниот европски шампион сака да ги искористи финансиските проблеми во Барселона.

Французинот Осман Дембеле иако речиси ништо не покажа во две ипол години колку што го носи дресот на Барселона, сепак е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот. Дембеле повеќе е на рехабилитација отколку што е на фудбалскиот терен, а и паузата во Ла Лига поради пандемијата на коронавирусот ја дочека на боледување.

Сепак, францускиот репрезентативец се уште е еден од најпосакуваните играчи, а последен кој покажа сериозен интерес за него е менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Според весникот „Спорт“, Клоп како прва мета во летниот преоден рок го означил токму Дембеле и за да дојде до неговиот потпис е подготвен да плати 90 милиони евра.

Во Ливерпул играат на картата на финансиските проблеми кои ги има каталонскиот клуб поради кои е приморан да им ги скрати платите на фудбалерите за дури 70 проценти за да ги намали загубите поради суспендирањето на Ла Лига и на Лигата на шампионите, а Барселона ќе има можност да поврати голем дел од средствата кои ги плати за Дембеле.
Каталонците во 2017 година на Борусија Дортмунд и платија 120 милиони евра во кеш, и дополнителни 25 милиони во бонуси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот