Клоп не е сигурен дека Ливерпул ќе освои четири трофеи сезонава

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп/ фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е задоволен од пласманот на неговиот тим во финалето на ФА Купот откако во полуфиналето до 3:2 го совлада Манчестер сити.

Ливерпул во финалето го очекува подобриот од дуелот меѓу Челси и Кристал Палас кој се игра денеска.
Клоп и Ливерпул веќе освоија еден трофеј сезонава, триумфираа во Лига Купот и се во игра за освојување на уште три.

Освен пласманот во финалето на ФА Купот, Ливерпул ќе игра во полуфиналето од Лигата на шампионите против Виљареал, а во трката за титулата во Премиер лигата има само еден бод помалку од лидерот Манчестер сити. Поради битката на трите фронта и згуснатиот распоред, Клоп не е сигурен дека Ливерпул ќе успее да ги освои преостанатите три трофеи.

– За неколку дена не очекува тежок натпревар против Евертон. Потоа следува дуелот со Виљареал. И тоа е исто така неверојатно тежок натпревар бидејќи е полуфинале во ЛШ, а потоа ни следува меч со Њукасл. Имаме неверојатно згуснат распоред и тешко дека Ливерпул ќе победи на сите натпревари. Ние ќе одиме еден по еден натпревар, но ќе биде навистина тешко – вели Клоп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот