Клоп: Навистина не знам, на која позиција играше Мурињо? (ВИДЕО)

фото: твитер

Уште една урнебесна прес конференција на германскиот менаџер на Редси кој направи шоу пред новинарите пред мечот против Тотенхем.

Во рамките од 22. коло лидерот во Премиер лигата в сабота ќе се игра дербито во Лондон помеѓу екипите на Тотенхем и Ливерпул.

Тоа е нов дуел меѓу менаџерите Жозе Мурињо и Јирген Клоп, моментно на табелата одлично котира Ливерпул кој е на првата позиција со 58 бодови, тим кој сеуште не знае за пораз сезонава.

Новинарите го прашаа Клоп кој беше подобар играч, тој или Мурињо, а Германецот не беше сигурен на која позиција играше Португалецот.

– Хм, не сум сигурен дали тој беше подобар од мене, но добра вест е што ниту еден од нас нема да да игра на овој натпревар. Навистина не знам на која позиција играше. Не беше голман? Знае ли некој овиде што играше Мурињо. Немојте да глумите дека не знаете, па ќе испадне дека Клоп нема поим. Сериозно, дали знае некој? Баш ме интересира, проверете на интернет – рече Клоп.

Потоа, му одговорија дека бил играч од средниот ред, по што со насмевка Клоп додаде: „Извини, Жозе“!.

Во својата кариера португалскиот стратег Мурињо како професионален фудбалер на теренот ја имаше улогата како централен играч во средниот ред.

Воглавно настапуваше за не толку атрактивни клубови (Рио Аве, Белененсеш..), но затоа на тренерски план има огромни успеси со Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Челзи…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот