Клоп направи револуција во Ливерпул

алисон и клоп/EPA-EFE/PETER POWELL

Голманот на новиот англиски шампион Алисон Бекер има само пофални зборови за својот тренер.

Ливерпул по пауза од дури 30 години конечно стана англиски шампион, а еден од фудбалерите кои се најзаслужни за освојување на титулата е голманот Алисон Бекер.

– Кога потпишав за Ливерпул, мојата опсесија беше да триумфираме во Лигата на шампионите. Но, штом пристигнав во клубот сфатив колку е важна Премиер лигата, колку е голема желбата да се освои тој трофеј и колку ги боли нашите навивачи да чекаат толку долго. Поради тоа, токму Премиер лигата ми стана опсесија и примарна цел – вели Бекер.

Голманот на бразилската репрезентација на „Енфилд“ пристигна 2018 година од Рома и сите заслуги за игрите на екипата, како и трофеите му ги припишува на менаџерот Јирген Клоп.
– Клоп не тренира идентично сите. Никој не е посебен за него, секој играч во тимот и подеднакво важен. Од тие кои ги играат речиси сите натпревари па се до оние кои воопшто не играат. Покрај тоа имаме и екипа со која е лесно да се дели соблекувалната. Нема ниту еден фудбалер со изразено его и да мисли дека е над тимот. Мислам дека тоа е одраз на големината на екипата и на тоа што Клоп го донесе. Клоп направи револуција во Ливерпул – вели Бекер во интервјуто за АП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот