Клоп направи многу, но никој не е како сер Алекс

фото: twitter/liverpoolfc

Менаџерот на Манчестер јунајтед пред денешното најголемо дерби во англискиот фудбал, изјави дека Ливерпул најверојатно сезонава ќе ја освои титулата но мора да се докажува секоја година.

Ливерпул досега има неверојатна сезона, на 21 наптревар во Премиер лигата, оствари 20 победи и само едно реми и има 13 бодови повеќе на табелата пред второпласираниот Манчестер сити кој има и два натпревари повеќе.

Токму денеска (17.30 ч.), во најголемото дерби на англискиот фудбал, Ливерпул ќе има можност да му се реваншира на Манчестер јунајтед, тимот кој единствен успеа да остане непоразен досега и да го продолжи походот кон титулата која веќе сите ја преселија на „Енфилд роуд“.

Поради неверојатната сезона, многумина започнаа со полемиките дали Ливерпул е најдобар тим во историјата на Премиер лигата. Менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер кој има шест титули со „црвените ѓаволи“ вели дека за успехот на една екипа говорат резултатите од година во година.

– Доколку гледаме долгорочно, најдобри екипи се тие кои бележат успеси од година во година. Никој не може да се мери со тоа шт го направи сер Алекс Фергусон, но јас ќе бидам првиот што ќе каже дека Јирген Клоп направи одлична работа во Ливерпул. Се чуии дека во овој момент тој го знае конечниот исход од натпреварот веднаш штом ќе го прати тимот на теренот. Тие може да ја освојат титулата оваа сезона, но да почекаме бидејќи ги очекуваат неколку тешки натпревари – изјави Солскјер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот