Клоп му одговори на Клатенбург: Не поседувам вештини за психолошки игри

twitter.com/OptaJoe

Пред одигрувањето на најголемото англиско дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед (недела 17.30 ч.), менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп зборуваше за работи директно не се поврзани за натпреварот.

Клоп одлучи да му одговори на поранешниот англиски судија Марк Клатенбург кој го обвини Германецот дека е лицемер и се обидува да врши притисок над судиите пред големото дерби.

– Клоп звучи како лицемер кога вели дека играчите на Јунајтед едвај чекаат да паднат и да изнудат пенал. Може да се каже дека иста работа прават и Салах и Мане. Мислам дека уште од сер Алекс Фергусон не постоеше тренер кој сака да врши така силен притисок врз судиите. Минатата година кога Ливерпул победуваше се беше во ред, а сега почна да игра психолошки игри – изјави меѓу другото Клатенбург.

Клоп звучи како лицемер, врши притисок на судиите како Фергусон

Сега Клоп не му остана должен на поранешниот судија.
– Не сум изненаден што ги коментираат моите зборови, тоа зборува повеќе за него отколку за мене. Можеби тој во мојата позиција би играл некои психолошки игри, јас немам такви вештини – вели Клоп.

Менаџерот на Ливерпул исто така истакна дека кога зборуваше за пеналите воопшто на ум го немал претстојниот натпревар против Манчестер јунајтед.
– Јас не сум Алекс Фергусон и немам скриени намери. Директно сум прашан по нашиот натпревар со Саутемптон и дадов директен одговор. Таа статистика за пеналите ја видов пред натпреварот со Саутемптон кој се играше на 4. јануари. Во тие моменти воопшто не размислував за натпреварот против Манчестер јунајтед – додава Клоп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот