Клоп: Мбапе во Ливерпул? Па, него никој не може да го купи!

twitter.com/sandraparragame

Во петокот се појавија шпекулации и за интересот на Ливерпул за францускиот напаѓач, па новинарите го прашаа менаџерот Јирген Клоп за коментар, а тој брзо ги реши сите дилеми: „Нема никакви шанси“.

– Од спортски агол, нема многу причини да не се купи. Каков играч! Секако, станува збор за пари. Нема шанси, апсолутно никакви шанси – рече Клоп, па додаде дека истиот одговор се однесува и на сите клубови во светот кои би ја посакувале оваа млада суперѕвезда на ПСЖ.

– Не гледам ниту еден клуб во светот кој би можел да го откупи од ПСЖ. Ниту еден! Тоа е едноставно така – додаде германскиот менаџер на Редси.

„Л`Екип“ објави дека Парижаните ги започнале преговорите со Мбапе за нов договор според кој треба да му се удвои сегашната годишна заработка која изнесува 17,5 милиони евра.

Но, Мбапе воедно не крие дека би сакал да си замине од Париз, односно сака еден ден да направи трансфер во Реал Мадрид.

Имаше можност за такво нешто и кога си заминуваше од екипата на Монако, но сметаше дека е премногу млад и прво сакаше целосно да се афирмира во својата земја, знаејќи дека интересот на „кралскиот“ клуб нема да исчезне.

Свесен за тоа е и тренерот на Реал, Зинедин Зидан, кој и јавно призна дека голема желба му е неговиот сонародник.

– Секогаш говореше дека желба му е да игра за Реал – рече неодамна Зидан.

Но, без оглед на взаемната желба, нема да биде лесно ниту за Реал да издвои 300 милиони за еден играч. Како што вели и самиот Клоп, нема да биде само едноставно, туку и невозможно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот