Клоп летово си заминува од Ливерпул и се враќа во Германија?

EPA-EFE/PETER

КЛоп е главен фаворит за преземање на селекторската функција во германската репрезентација.

Ливерпул е во очекување дали конечно ќе го прекине 30-годишниот пост и ќе ја освои титулата во Премиер лигата или ќе продолжи проклетството.
Ливерпул на девет кола до крајот на шампионатот има 25 бода предност пред второпласираниот Манчестер сити и потребни му се само шест бодови и математички да дојде до титулата.

Сезоната во Премиер лигата е суспендирана поради пандемијата на коронавирусот и се чека одлука на челниците на Фудбалската федерација на Англија дали сезоната ќе се доигра или ќе се откаже со што „црвените“ би останале без посакуваниот трофеј.

Англискиот весник „Мирор“ сензационално открива дека Ливерпул може да остане без творецот на овој Ливерпул, менаџерот Јирген Клоп.

Токму Клоп е најзаслужен за успесите на Ливерпул, откако дојде пред пет години успеа екипата да ја направи една од најдобрите во Европа, тие се актуелни европски шампиони и имаат неверојатна сезона во Премиер лигата со само еден пораз и едно реми.

„Мирор“ пишува дека Клоп летово може да го напушти Ливерпул и да се врати во татковината каде Германската фудбалска федерација по секоја цена го сака на селекторската функција на местото на Јоаким Лев.

Договорот на Клоп со Ливерпул е до 2024 година, но Германецот претходно неколку пати изјави дека не е сигурен дека ќе го одработи до крајот и дека сака еден ден да седне на клупата на германската репрезентација.

Од друга страна, селекторот Јоаким Лев има договор до 2022 година, но челниците на Федерацијата не се задоволни од резултатите и од работата на селекторот и затоа сакаат уште сега да ангажираат Клоп со кого се надеваат дека ќе дојдат до титулата на ЕП кое е одложено за наредната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот