Клоп ќе соработува со сонародник, Ливерпул има нов спортски директор

Фото: liverpoolfc

Тимот на Ливерпул доведе нов спортски директор кој ќе треба да биде поддршка на Јирген Клоп во летниот преоден рок во кој се очекува „црвените“ да бидат активни.

По сезоната во која не успеаа да се изборат за место во Лигата на шампионите во Ливерпул ќе има еден вид на реконструкција, а Јирген Клоп сега ќе соработува со својoт сонародник, Јорг Шмадке.

„Ливерпул може да потврди дека Јорг Шмадке е нов спортски директор“, стои во соопштението на клубот од „Енфилд“.

Шмадке четири години работеше во Волфсбург, а беше дел уште од Келн, Хановер и Алеманија Ахен.

Во играчката кариера на стапуваше како голман и собра над 300 настапи во германската Бундеслига. Со работа во Ливерпул 59-годишниот Германец ќе започне од 1-ви јуни.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот