Клоп им се налути на навивачите, а еве како се поздрави со Симеоне! (ВИДЕО)

фото: твитер

Менаџерот на Ливерпул им се налути на неколку навивачи кои сакаат да се поздрават со рака, но веднаш ги одби и им порача да ги тргнат рацете.

Непосредно пред реванш осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите на „Енфилд“ помеѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид, Диего Симеоне ја пружи раката, ја отвори дланката, а Клоп тргна со лактот и на крајот некако со подлактици се поздравија.

И двајцата беа несигурни како најдобро да се поздрават, менаџерот на Ливерпул во текот на вчерашниот ден им одржа нова лекција на новинарите околу коронавирусот.

Дека сериозно ја сфаќа моменталната ситуација говори и самиот поздрав, иако тренерот на „јорганџиите“ првично сакаше тоа да го направи како досега нормално со ракување.

И двајцата се насмеаја, а воедно Клоп избегна да се поздрави со неколку навивачи од трибините и им порача да ги тргнат рацете.

Тоа секако со задоволство би го направил Јирген Клоп со своите верни фанови, но поради епидемијата на коровирусот сега нема да си го дозволи тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот