Клоп: Или преведи како треба или јас да го правам тоа! (ВИДЕО)

фото:твитер

Ливерпул вечерва му гостува на Салцбург во рамките од последното коло на групната фаза во Лигата на шампионите, а менаџерот на Јирген Клоп по тој повод одржа прес конференција, на која беше и Џордан Хендерсон.

На австриските новинари им преведуваше официјалниот преведувач со оглед на тоа што Хендерсон не знае германски, но една изјава не успеа добро да ја преведе што го изнервира Клоп.

– Треба да се докажуваме и постигнеме резултат како што и успеавме многупати претходно, но тоа не значи дека ќе ни биде лесно – рече Хендерсон.

Но, официјалниот преведувач во крајот на неговата реченица за Клоп звучеше дека на Ливерпул ќе му биде лесно во Салцбург.

Клоп веднаш се побуни, го повика преведувачот и му рече да преведува како што треба или тоа тој ќе го направи за него, а потоа на домашните новинари подетално им ја објасни изјавата на Хендерсон.

Да потсетиме, дека Ливерпул е моментно прв во групата „Е“ со бод повеќе од Наполи и три од Салцбург, а сите три имаат шанса да се пласираат во нокаут фазата во ЛШ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот