Клоп и Мурињо удрија по Сити: Срамота, ова е лош ден за фудбалот

фото: твитер

Манчестер сити успеа да ја победи УЕФА и нема да биде суспендиран.

Судот за спортска арбитража во Лозана ја прифати жалбата на англискиот тим и му ја укина суспензијата од УЕФА која пак го исфрли од нејзините натпреварувања во наредните две години.

Поништена суспензијата: Манчестер сити ќе игра во Лигата на шампионите

Впечатокот во фудбалската јавност е дека оваа одлука е доказ дека парите го победија фудбалот и ова е крај на финансискиот фер-плеј кој го воведе УЕФА со цел да го запре неразумното трошење на најбогатите фудбалски екипи.

Еден од првите кои ја коментираше одлуката, очекувано е менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо.
– Ова е срамотна одлука. Затоа што доколку Сити не е виновен, тогаш не треба ниту да биде казнет со 10 милиони фунти. Доколку не си виновен не треба да плаќаш казна. Доколку се виновни, тогаш одлуката исто така е срамна и треба да бидат казнети – порача Мурињо.

И менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека ова е лоша одлука за фудбалот, но беше доста поумерен од Мурињо.
– Среќен сум што Сити ќе може да игра во ЛШ, но мислам дека вчерашниот ден не беше добар за фудбалот. Мислам дека финансискиот фер-плеј е добра идеја – да ги штити екипите и натпреварувањата. Се надевам дека финансискиот фер-плеј ќе остане на сила бидејќи е добар за фудбалот. Доколку никој не се грижи за трошењето во фудбалот тогаш најбогатите луѓе и држави ќе можат да прават што сакаат – вели Клоп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот