Клоп и Гвардиола удрија по челниците на Премиер лигата: Ова е злосторство

EPA-EFE/Nigel Roddis

Распоредот на Премиер лигата традиционално за божиќните и новогодишните празници е пренатрпан на задоволство на навивачите, додека за тренерите претставува вистинска ноќна мора. Некои екипи ќе мора за помалку од 48 часа да одиграат два натпревари, а најгласни критичари на згуснатиот распоред се Пеп Гвардиола и Јирген Клоп.

– И напишав писмо на Премиер лигата и ѝ се заблагодарив. По натпреварот со Вулверхемптон одиме во ладилник за да се подготвуваме за средбата со Шефилд јунајтед – изјави Пеп Гвардиола кој утревечер со Сити му гостува на Вулверхемптон, а само 46 часа подоцна игра дома против Шефилд.

Клоп и неговиот Ливерпул подобро поминаа во однос на Манчестер сити и има еден ден повеќе за одмор, но сепак застана во одбрана на Гвардиола.

– Ниту еден менаџер нема проблем со тоа да игра на „Боксинг деј“, но да се играат натпревари на 26 и на 28 декември е злосторство. Тоа не е во ред. Ние играме на 26 и на 29 декември и тоа ни доаѓа како празник. Ги разбирам сите што велат дека ова повеќе не смее да се случува. Ми се чини дека можеме да кажеме што сакаме но никој нè не слуша, На телото му е потребно одредено време за да се опорави од напорите. Ова е наука, но целосно се игнорира – изјави Клоп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот