Клоп: Гвардиола покажа дека повеќе ја сака титулата во Премиер лигата отколку во ЛШ

EPA-EFE/PETER POWELL

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, рече дека неговиот колега од Манчестер сити, Џозеп Гвардиола, смета дека Премиер лигата е поважна од Лигата на шампионите.

Оваа сезона „граѓаните” го освоија шампионатот во Англија, а „црвените” се пласираа во финалето на елитната лига.

– Гвардиола од поодамна рече дека ја преферира Премиер лигата отколку Лигата на шампионите, бидејќи поминаа многу години откако играше во финалето. Тој е најдобар тренер на светот, и во целост ги заслужува комплиментите што ги добива – истакна Клоп.

Ливерпул на 1 јуни во Мадрид против Тотенхем ќе игра во финалето на Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот