Клоп: Голот на Јунајтед ги покажува недостатоците на ВАР системот

twitter.com/OptaJoe

Ливерпул одигра нерешено 1:1 на „Олд Трафорд“ во натпревар кој го одбележа деветтото коло од најсилното англиско фудбалско првенство.

„Редси“ извлекоа бод во самиот финиш од средбата кога Адам Лалана израмни, а „црвените ѓаволи“ имаа предност од првото полувреме.

Стрелец беше Маркус Решфорд, а во таа ситуација претходно беше сомнителен моментот и потенцијалиот фаул над Дивок Орижи. Главниот судија Мартин Еткинсон не досуди ништо, а после консултациите со ВАР собата одлучи да го признае погодокот.

– Постигнаа гол кој ги покажува сите недостатоци на ВАР системот. Судијата Еткинсон дозволи, односно продолжи да се игра, бидејќи сигурен беше дека има помош од ВАР. Веднаш сигнализираше проверка на снимката после голот и бев сигурен дека ќе го поништи. Тој не може да каже дека тоа не беше фаул, толку е очигледно. Ќе свиреше фаул доколку немаше помош од ВАР, но сега може да чека, затоа што некој друг донесува одлука. Тогаш тие велат дека не е сè јасно и не го поништуваат голот. Тоа нема никаква смисла. Исто беше овој викенд, требаше да биде досуден пенал за Манчестер сити после прекршокот над Де Брујн – рече Клоп.

Германскиот менаџер воедно го коментираше и поништениот погодок на Садио Мане. Исто така не беше задоволен од тактиката на домаќините во финишот на натпреварот.

– Постигнавме гол, но го поништија. Сè беше против нас, но на крајот не загубивме и тоа е во ред. Манчестер јунајтед оваа година, лани, пред две години, само се брани. Тоа не е критика, туку факт. Со квалитетот кој го имаат и начинот на кој го поставија системот, тешко е.Требаше да одиграме подобро, тоа е она што се очекува од нас – додаде Клоп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот