Клоп го продолжи договорот со Ливерпул (ФОТО+ВИДЕО)

Јирген Клоп ќе остане на кормилото на Ливерпул откако потпиша нов договор кој ќе трае до 2024. година.

Асистентите Питер Кравиец и Пепијн Лијндерс исто така се согласија да продолжат да соработуваат заедно со германскиот стратег.

По пат на социјалните мрежи на еден духовит начин Клоп се огласи до навивачите:

– Одлучивме да ја продолжиме со соработката која досега не оди лошо. Добри вести за едни, за други лоши, но можете да го „промените каналот“. Ги сакаме сите тука, ова е прекрасен клуб, се чувствуваме как дома. Ова е добар момент да продолжиме, преговорите не беа тешки, успеавме да ги држиме во тајност, што не е лесно во овие времиња – рече Клоп.

Претходниот договор му истекуваше до 2022. година, а седна на клупата на „црвените“ во 2015. година.

Минатата сезона го освои трофејот во Лигата на шампионите, а моментно е првопласиран во Премиер лигата со 46 бодови, осум повеќе од второпласираниот Лестер и ова е одлична можност по подолго време, од далечната 1990 година, Ливерпул повторно да се искачи на врвот во Англија.

Денеска уште еден менаџер во Велика Британија потпиша нов договор, станува збор за Стивен Џерард со екипата на Ренџерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот