Клоп го издрибла сите, Ливерпул летово повторно ќе руши рекорди

EPA-EFE/PETER POWELL

Иако по освојувањето на Лигата на шампионите, во Ливерпул најавија дека нема да бидат премногу активни на трансфер пазарот, но последните најави од менаџерот Јирген Клоп велат дека „црвените“ имаат огромен буџет за засилувања.

Приходите од 400 милиони евра, само од наградите во Лигата на шампионите и заработката од ТВ правата во Премиер лигата, му овозможија на Клоп летово да добие дури 200 милиони евра за засилувања.

– Ливерпул е амбициозен клуб и да не трошевме колку што трошеа другите, немаше да бидеме конкурентни. Сите трошат, па и ние мораме тоа да го направиме – изјави Клоп.

На листата на желби на Германецот има три имиња, и се надева дека ќе успее барем две да привлече на „Енфилд Роуд“.
Ливерпул со ангажманот на Вирџил ван Дајк од Саутемптон го собори светскиот рекорд кога станува збор за дефанзивни фудбалери, но Клоп е решен да оди чекор понатаму. „Црвените“ потготвуваат понуда тешка 100 милиони евра за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали. Проблем во реализацијата на трансферот може да претставува претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис кој засега не отстапува од барањето да добие 150 милиони евра за Кулибали.

Изненадувачки, на листата на желби на Клоп се наоѓа фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман. Трансферот на Гризман во Барселона се искомпликува откако каталонскиот клуб започна преговори со ПСЖ за враќање на Нејмар на „Камп Ноу“ по што Французинот падна во втор план. Откупната клаузула од 120 милиони евра е прифатлива за Клоп кој сака на неверојатното трио од нападот Салах, Сане и Фирмињо да го додаде Гризман со што Ливерпул повторно би бил фаворит за титулата во Лигата на шампионите.

Германецот е подготвен да издвои и 100 милиони евра за да го врати Фелипе Кутињо на „Енфилд“.  Бразилецот не се снајде најдобро во Барселона и доколку не биде дел од трансферот на Нејмар, тогаш Ливерпул со сите сили ќе тргне по неговиот потпис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот