Клоп доби поддршка од најголемиот ривал: За се е во право

EPA-EFE/Nigel Roddis

Јирген Клоп кој истакна дека челниците на УЕФА и на ФИФА мислат само на парите, а не здравјето на фудбалерите, доби поддршка од најголемиот конкурент во Премиер лигата.
– Потполно се согласувам со секој збор што го кажа Јирген – изјави Пеп Гвардиола.

Гвардиола даде свое мислење и за идејата дали проширувањето на играчкиот кадар би помогнал во разрешување на проблемот.

– А кој ќе ги плаќа фудбалерите и од кои пари? Тоа не е решение. Решението според мене е помалиот број на натревари и натпреварувања. Но, на состаноците само за тоа се зборува и не се преземаат конкретни чекори – додава Гвардиола.

Токму поради големиот број на натпревари и натпреварувања во кои настапува Манчестер сити, Гвардиола, редовно експериментира со составот, бидејќи приоритетите се Премиер лигата и Лигата на шампионите.

– Нормално дека имаме приоритети во кои бркаме резултат. Во Лига купот настапивме со комбиниран состав бидејќи таквите натпреварувања служат да играат оние играчи кои не добиваат шанса толку често. Гледам дека тоа го направија и Арсенал и Ливерпул – вели Гвардиола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот